Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Два меча казна за Грнчаров

Два меча казна за Грнчаров

Дисциплинската комисија на ФФМ ја одреди казната за капитените на Вардар и Шкендија, кои добија директни црвени картони на возвратинот натпревар во рамките од Купот на Македонија кој беше одигран во Тетово.

Дисциплинската комисија одлучи да ги казни Бобан Грнчаров и Ферхан Хасани со два натпревари неиграње. Ова значи дека нашиот капитен ќе мора да ги пропушти натпреварите против Слога утре, и против Шкендија идната недела. Се очекува сега на спотерските позиции да биде тандемот Новак – Велковски.