Младата вардарова екипа генерацијата 2002 е на силен меѓународен кошаркарски турнир во Милано-Италија. Тие вчера на првиот натпревар дојдоа до триумф. Нашите момци остварија победа со девет поена разлика против украинскот кадетски шампион. На мечот во Милано црвено-црните надежи победија со 75-66 во мечот со Кхимик Јузхну.
Вечерва со почеток во 21-00 часот нашите момци ираат нов дуел со силен противник. Се среќаваме со италјанска екипа, станува збор за Варесе. Тимот со кој ќе се соочиме е вице-првак во оваа категорија на Апенинскиот полуостров.