Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > На турнирот во БиХ во интересни дуели со Урбанскејп Лока нашите кадети и пионери одиграа реми

На турнирот во БиХ во интересни дуели со Урбанскејп Лока нашите кадети и пионери одиграа реми

Пионерите на РК Вардар предводени од Андријана Будимир играа утрово на турнирот во Бих со екипата на Урбанскејп Лока.  Тоа беше трети дуел за нив во групата-С на овој меѓународен настан, тие одиграа интересен натпревар кој заврши реми.

Мечот први со гол го отворија нашите  противници кој поведоа со 0-1. Ние усепавме да вратиме преку Дамјан Димитриевски и да изедначиме на 1-1.  Во продолжение се играше изедначено , резултатот беше 2-2, по што со серија 0-2 противникот се одлепи на 2-4 во 5 минута. По ова нивно водство се играше цврсто на двете страни игра гол за гол двете екипи во наредните 4 минути погодија по три пати  за резултат 5-7.  Вардаровите момци успеаа да се вратат во игра и преку Бојан Чакалиќ изедначија на  8-8 на 3 минути до крајот на првиот дел. Следеше интересен финиш  Урбанскејп Лока со два гола повиеде со 8-10, сепак ние вративме со иста мера и со головите на Грујовски и Чакалиќ обезбедивме реми 10-10 пред паузата.

Вториот дел со погодок го отворија играчите на Урбанскејп Лока кои поведоа со 10-11, ние веднаш вративме преку Давад  Савревски. Нашите противници со два гола се одлепија на 11-13, а потоа поведоа и 12-14.  Следуваше одлична игра во одбраната која ја краси ова генерација, се вративме во мечот и успеавме да зиедначиме на 16-16 во  26 минута со голот на Чакалиќ. До крајот они двапати поведуваа, сепак ние имавме сила и двапати да изедначивме. Овој меч заврши со реми 18-18.
Кај нас најефиксен беше Чакалиќ кој постигна 6 гола, 3 гола беа дело на Грујовски, по двапати во листата на стрелци се запишаа тројца играчи- Димчевски, Савревски и Жерновски. По еднаш мрежата на Урбанскејп Лока ја тресеаа: Павловски, Димитриевски и Калајџиев.

18083750_802630103245626_910888169_o

Кадетите исто така се сретнаа со Урбанскејп Лока и во овој двомеч двете екипи одиграа реми. Во третиот меч за нив и последен во групата тие први поведоа нашите противници. Тие   потоа во продолжение поведоа и со 2-0.  Сепак со головите на Христи Биковски и Васе Наков успеавме да изедначием на 2-2. Следеше неефикасен период  во продолжение. Потоа играта доби на динамика па а ние успавме да поведеме со 5-6 со голот на Васе Наков во 13 минута. Следеше голема доминација на нашиот противник тие направија серија 4-0 и поведоа со 9-6 пред крајот на првиот дел. Сепак ние успеавме да намалиме и да одиме на одмор со 9-7.

barak4

Вториот дел почна со гол за нас кој го постигна Стефан Динев.  Во 24 минута влеговме со резултат 11-9 за противникот наш, следуваше серија 0-3 со која во 27 минута  ние поведовме со 11-12.  Со добра игра се обидовме да се вратиме и успеавме да поведеме со 14-15 во 31 минута.  Двете екипи успеаваа да се одлепат, сепак веднаш другиот тим успеваше да се врати во игра и да поведе и он. Во последната минута влеговме со резултат 21-20 за нашиот ривал, во последната акција за нас погоди   Стефан Динев за конечни 21-21.

Кај момците предводени од дуото Чивлачки-Грчевски,  Ќосевски постигна 7 гола со кој беше прв стрелец, Наков имаше 3 колку и Атанасовски, Динев и Олтовски стрелаа по 2 пати. Имаше и двајца стрелци на по еден гол тоа беа Мисаилевски и  Антевски.