Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар во драматичен финиш го доби дербито со КК ГТЦ
Куглање: Вардар во драматичен финиш го доби дербито со КК ГТЦ

Куглање: Вардар во драматичен финиш го доби дербито со КК ГТЦ

Викендов се одигра последното, 10  коло во македонската кугларска лига- МКЛ. Во истото Вардар беше домаќин во дербито за 3тата позиција на КК ГТЦ. Повторно драма, веќе не се бројат шокантните натпревари против ГТЦ , повторно одлука во последна кугла за победник и за пласман на трето место во МКЛ.

Избраниците на Драги Димитровски, дојдоа до многу важна победа во дирекната битка со ривалот. КК Вардар  победи со вкупен резултат 6:2. Во сетови имавме мала предност 13:11, клучната битка ја добивме во вкупен број соборени “дрва“ каде што имавме три повеќе што ни донесе победа 6-2, инаку ќе беше реми 4-4 идентично како на првиот меч кога бевме гости. Вардарци соборија 3118 “дрва“, а противникот дојде до бројот 3115.

kugla

За нас поенираа во игра капитенот Миле Димковски, Коста Ристовски и Дарко Димитровски.  Димитровски со 563 “дрва“ беше играчот со најголем резултат кај нас на оваа средба.