Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Наков: Среќна сум за Куп титулата која ја освоивме трет пат по ред
Наков: Среќна сум за Куп титулата која ја освоивме трет пат по ред

Наков: Среќна сум за Куп титулата која ја освоивме трет пат по ред

ЖКК Вардар во неделата в Куп финалето го совлада Бадел и дојде до нова титула. Маестрало повторно тимот го водеше на теренот Наков Славица, која погоди 23.поена од вкупно 50 со колку победивме наспроти 40 на ривалот. Сосема заслужено нашата Цаци ги доби двете награди на КУП – трофејот 2019.  Таа изразува задоволство од успехот за тимскиот сајт. Следниве награди и беа врачени:

  1. Најдобар стрелец
  2. Најкорисен играч (MVP)

“Многу сум среќна што трета година по ред КУП – трофејот останува во витрините на ВАРДАР. Бевме мотивирани, иако квалитетот на кошарката не е високо ниво, ни одигравме пожртвувано и тимски.

56927329_604460866735440_284972729357041664_n-300x200

Противникот како во полуфиналниот натпревар, така и во финалето добро го познаваме и знаевме дека нема да биде лесно со два натпревари во два дена. И покрај тоа останавме фокусирани и успеавме во нашата цел и оваа година да го подигнеме пехарот. Среќна сум што во тимот имаме и помлади девојки кои добија шанса да го покажат својот потенцијал и верувам дека во иднина ќе бидат и носители на играта. Благодарност до стручниот штаб за безрезервната поддршка и трудот што го вложија да ни овозможат да се покажеме во најдобро светло и заеднички да ја оствариме крајната цел – освојување на КУП титулата.

Двете награди кои ги освоив се резултат на залагање и труд низ целата сезона, секогаш го давам максимумот. Но, секако морам да потенцирам дека кошарката е тимски спорт и секоја награда е резултат на поддршката на терен од девојките и секако од тренерот” , изјави Наков.