Вчера, ракометниот клуб Вардар со победа го започна плеј-офот во Супер лигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Пролет. Иако во составот недостасуваа голем број на играчи лесно падна Пролет, кој даде отпор само во првите 30 минути од мечот. Мечот заврши со победа за нас со резултат 33:26.
Парондо покрај “староседелците“ вчера даде шанса и на шест млади вардарци, од кадетскиот тим на Будимир. Момците кои се репрезентативци ќе добијат прилика да дебитираат како сениори во нивниот клуб што е сон за секој млад играч. Повикани беа и впишаа деби настап: Благој Димчевски, Велимир Груевски, Давид Савревски, Симон Калајџиески, Марио Мишевски и Дамјан Србиновски.
Одлично се покажаа како дебитанти, двајца од нив впишаа и дебитански сениорски погодок зад своето име. Легендарниот Иван Чупиќ му остапи пенал на младиот Симон Калајџиевски, кој пак безпрекорно биеше и впиша дебитански погодок. Робуносниот пикер Благој Димчевски, многу се бореше на линијата од 6.метри исто така и тој дебитираше со гол. По една одлична асистенција на Мишевски, тој се одлободи од чуварите и погоди ефектно. Честитки до двајцата за нивните погодоци, и за дебито на останатите четири момци.