Утре, петок и ден потоа, сабота на националната арена Филип Втори Македонски ќе се одржи финалето на атлетскиот „Куп на Македонија“.
На трката на 1.500 метри која е закажана за петок со почеток во 17-40 часот ќе настапат Марко Ивановски и Петре Завировски. Ивановски и Завировски се пријавени и за 5.000 метри во сабота со почеток во 10-00 часот. Утре, Вардарци ќе настапат и во штафетната трка 4х100 метри. По подолг период вардарци имаат своја штафета овој пат во состав Марко Ивановски, Петре Завировски, Влатко Јакимовски, Дејан Петков и како резерва е пријавен Мартин Поповски.