По теркот на европските кугларски клубови и другите братски клубови од С.Д Вардар, нашиот кугларски колектив “Вардар” се одлучи да има свој медиум, поточно своја веб-страница. Истата е во формирање и наскоро ќе се појави на интернет просторот.
Вардар како Шампион во Купот и вице-првак оваа во лигата оваа сезона е тим за респект во македонското куглање, покрај резултатските успеси тие се трудат да го дигнат и нивото на организација на тимот. На www.kuglarskiklubvardar.mk ќе може да се информирате за активностите во сениорскиот и јуниорскиот тим на црвено-црните, и за македонското куглање воопшто. Покрај тоа ќе има информации за меѓународните настапи на Вардар во европските купови и настаните на кои ќе земаат учество во иднина. Овој потег е за поздрав, истиот ќе овозможи полесно информирање за овој вардаров колектив кој е помалку застапен во јавноста. Вардар е прв клуб од Македонската кугларска лига со ваков медиум, што го прави “пионер“ во оваа област кај тимовите во МКЛ.