Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пет играчи од ФК Вардар, како и тренерот на голмани, Љупчо Кметовски, дел од репрезентацијата до 17 години на денешниот контролен меч со Унгарија
Пет играчи од ФК Вардар, како и тренерот на голмани, Љупчо Кметовски, дел од репрезентацијата до 17 години на денешниот контролен меч со Унгарија

Пет играчи од ФК Вардар, како и тренерот на голмани, Љупчо Кметовски, дел од репрезентацијата до 17 години на денешниот контролен меч со Унгарија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години се наоѓа во Унгарија, каде денес ќе одигра контролен натпревар со екипата на Индија. Овој дуел започнува од 18 часот. За овој натпревар селекторот на оваа репрезентација, Добринко Илиевски повика пет играчи од фудбалскиот клуб Вардар.

На списокот се најдоа двајца голмани: Методија Велковски и Давид Денковски, како и Јакуп Бериша, Виктор Пешевски и Филип Антовски. Со оглед дека двајцата голмани доаѓаат од редовите на Вардар, за овој пријателски меч, како тренер на голманите  повикан, Љупчо Кметовски, кој работи како тренер на голманите во пионерските екипи на Вардар.