Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ВИДЕА) Овие две победи на вардарецот Нуров му донесоа признание најдобар борач во Македонија
(ВИДЕА) Овие две победи на вардарецот Нуров му донесоа признание најдобар борач во Македонија

(ВИДЕА) Овие две победи на вардарецот Нуров му донесоа признание најдобар борач во Македонија

Изминатата недела, Федерацијата за боречки спортови на Македонија ги прогласи најдобрите за изминатата 2018 година. Вардаровиот борач, Магомедгаџи Нуров добри признание за најдобар за измината година во Македонија. Тој е најдобар сениор во земјава.

Тој имаше одлична година, но овие два моменти кои ја одбележаа изминатата годин. Првиот  е златото на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанијa, каде во црвено-жолтиот дрес се искачи на највисокото место на пиедесталот. Тој се натпреварува во категоријата до 97 килограми, на фантастичен начин триумфираше во мечот за титула и со убедливи 11-0 зa 50 секунди го совлада Симоне Јанатони (ИТА), но финале пред финале беше мечот во 1/2 финалната борба каде што Нуров направи пресврт и подвиг победувајќи го Деде (ТУР).

nurov

По победата му беше доделен заслужениот медал, а во салата во Тарагона се слушна Македонската химна. Моментот на интонирање на нашата химна по примањето на златниот медал од Нуров, кое го снима Митов (бронзениот во категорија 74кг) може да го погледнете - ОВДЕ!

Вториот момент е обезбедувањето на битката за медал на Европското првенство и победата во репасажот со технички туш (11-0) го совлада Германецот, Генади Чудинович  со што го обезбеди дуелот за “бронза“. Оваа убедлива партија и победа со високи 11-0 погледнете ја на видеото подолу.