Покрај во првиот тим т.е кај сениорите, во зимскиот преоден рок и селекцијата до 16 години на кошаркарскиот клуб Вардар се засили. Оваа црвено-црна селекција е “побогата“ за нови три нови имиња кои ќе ја засилат конкуренцијата и тимот за пролетните искушенија.
Михаил Наумоски минатата сезона беше дел од црвено-црното семејство, а оваа сезона од турски Галатасарај се враќа во нашиот дом, станува збор за млад и талениран кошаркар. Покрај него нови имиња се и Мухамед Тачи кој доаѓа од тимот на Феникс и Миљан Живковиќ кој мина од скопскиот ривал, Работнички. Овие двајца момци во својата кариера за прв пат се дел од КК Вардар и им посакуваме успешна сезона.