Вардарци вечерва во спортскиот центар Јане Сандански одиграа контролен натпревар против екипата на Железничар од Ниш.
Иако настапивме со повеќе од преполовен состав, црвено-црните издвојуваа триумф на овој дуел. На овој меч за Вардар не настапија играчите кои беа дел од СП, тоа се Дибиров, Шишкарев, Кисељев, Калараш, Поповски, Стоилов, Милосављев, како и без Карачиќ кој се уште се наоѓа на мундијалот. Исто така не играа ниту Горбок, Борозан и Фереира.
На натпревар со многу голови, Вардар го доби натпреварот со резултат 34:33. На полувреме исто така имавме водство од 19:14. Во најголем дел од мечот бевме во позитива, а избраниците на Вујовиќ во неколку наврати во израмнуваа резултатот. На овој меч играа Скубе, Криштопанс, Чупиќ, Дисингер, Војводиќ, Недановски и Ѓорѓески, како и играчи од вториот тим на Вардар.
Најефикасен беше Чупиќ со 10 гола, додека Кристопанс постигна 9 погодоци.