Кошаркарскиот клуб Вардар на својата официјална страница донесе интервју со хрватот во нивните редови Дино Радош.
1. Од каде дозна за постоењето на клубот и што те заинтригира токму во Вардар да играш кошарка?
Кога во септември добив понуда од агентот за КК Вардар, тој ми рече дека Вардар е клуб со голема традиција, млад тим со перспекивни играчи и тренер и дека многу добро се работи на тренинзи. Бидејќи имав желба да заиграм во странство, после толку години играње во Хрватска, мислев дека Вардар е идеалната шанса за отскок и напредок во кариерата – и не погрешив во тоа.
2. Колку ти се допаѓа Македонија и дали имаш слободно време за приватно да уживаш во нашиот град?
Скопје од прва многу ми се допадна, луѓето се многу добри и драги и навистина уживам овде. Најмногу го сакам Дебар маало и редовно пијам смути во Кино Карпош.
3. Во кои клубови си играл , пред да станеш дел од црвено-црното семејство?
Најголемиот дел од кариерата о поминав во родниот град Осијек, каде што играв до својата 23 година…после тоа играв за КК загреб, КК Цибона (која ме испрати на позајмица прво во Хермес Аналитика па Горица), Алкар Сињ и Борово Вуковар.
4. Кој број на дрес го носиш и зошто?
Во Вардар носам број 15 бидејќи тој број ми го доделија на почетокот на сезоната, а најдраг број ми 12 кој ме следи низ цела кариераи го носам уште од кадетско во Основно школо.
5. Кога би можел да одбереш омилен момент во дресот на КК Вардар кој би бил тој и зошто?
Омилем момент во овој дрес ми е победата од претходната недела во Охрид, бидејќи тешко се изборивме во последен момент.
6. Дали си задоволен од третманот во клубот ?
Подобар третман од клуб не можев ни да посакам, тренерот Радуле верува во мене и ми дава слобода во игра, а јас се надевам дека колку-толку му возвратив со играта на паркетот. ха ха ха
7. Со кој колега од Вардар се дружиш најмногу надвор од теренот?
Надвор од терен најмногу се дружам со мојот Boyka (Бојан Серафимов) , кој најмногу ми помогна во адаптација во Скопје и кој секогаш е спремен да ми помогне а било што. А со Шале пијам кафе секој ден
8. Кои се твоите планови за следната сезона?
За планови за следна сеона сеуште не сум размислувал, најважно ми е прво да се одморам и после да се подготвувам за наредна сезона. Долго е летото, па ќе видиме што ни носи иднината.