Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М16 по победата над Куманово обезбеди Ф-4
КК Вардар М16 по победата над Куманово обезбеди Ф-4

КК Вардар М16 по победата над Куманово обезбеди Ф-4

Екипата на кошаркарскиот клуб Вардар одигра доминантна сезона, постојано играјќи на високо ниво во лигата редејќи успеси без некој да може да ги сопре. Тие по вчерашната победа успеаа да обезбедат место на завршниот фајнал-фор турнир во нивната генерација.

Тие на гостински терен го совладаа тимот на КК Куманово, црвено-црната селекција родени 2003 година и помалку дојде до победа со 34.поени позитива. Во меч во кој ја котролиравме играта во сите четири периоди дојдовме до успех со резултатот, 41 – 75.