Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар денес игра 1/2-финале Куп, РК гостува кај Пролет 62
ЖРК Вардар денес игра 1/2-финале Куп, РК гостува кај Пролет 62

ЖРК Вардар денес игра 1/2-финале Куп, РК гостува кај Пролет 62

Денес двете сениорски екипи, машката и женската на ракометниот клуб Вардар играат дуели.

Момците на Парондо ќе одигаат натпревар од плеј-офот во кој гостуваат кај скопскиот ривал, екипата на РК Пролет 62. Натпреварот се игра денес со почеток во 19-30 часот. Веќе утре и задутре црвено-црните ќе бидат дел од завршницата на Купот на Република Македонија која се игра во Куманово. Каде во полуфиналните натпревари во машка конкуренција ќе се сретнат: Вардар – Еурофарм Работник и Металург – Бутел.

ЖРК Вардар  е пред голем предизвик, со млади сили ќе проба да стигне до одбрана на тронот, кој лани го освои ѕвездениот тим на црвено-црните. Со почеток во 17:00 играме против  Стружанка, потоа да следува дербито меѓу Металург и домашната екипа на Куманово кое ќе се игра во 20-00 часот.

Капитенката Диневска и репрезенативката голманот Грујовска, во изјава за медиумите најавија борба до последна топка за пласман во финалето.  Овие две важни “алки“ во тимот се  свесни дека не треба да го да ја потценат Стружанка, но веруваат во својот тим и можноста да обезбедат дуел за злато. Голема е желбата кај нив најдобро што може да го презенираат црвено-црниот тим на овој Ф-4.