Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени 2004 и 2005 година денес гостуваа на екипата на Скопје, во рамките на регионалната-скопска лига.
Генерацијата 2004 на Вардар славеше минимална победа од 0:1, овој резултат беше актуелен и на полувреме, а стрелец на единствениот гол беше Кристијан Ѓорѓиевски.
Вардар: Ангелов, Стојановски, Љушев, Каровски, Анчевски, Хајдари, Дошев, Стоимов, Ѓеорѓиевски, Перковски, Попов.
Во игра влегоа уште и Ибраим, Гуџуфи, Павлески, Ивановски и Идризи.
Генерацијата 2005 на Вардар иако го загуби мечот против Скопје (4:2), истиот ќе го добие со службен резултат, поради неправилен настап на играч од домашниот состав.
Вардар играше со следниот состав: Филевски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Кулуковски, Таневски, Серафимов, Цветков.