Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > СТРИМ за мечевите на Вардар кој гостува кај Пролет и на Вардар Јуниор кој игра со Радовиш
СТРИМ за мечевите на Вардар кој гостува кај Пролет и на Вардар Јуниор кој игра со Радовиш

СТРИМ за мечевите на Вардар кој гостува кај Пролет и на Вардар Јуниор кој игра со Радовиш

Вечерва со почеток од 19:30 часот во спортската сала „Македонско сонце“ натпревар во рамките на плеј-офот во Супер лигата ќе одиграат екипите на Пролет и Вардар.

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел на Пролет и Вардар во овој дел од разигрувањето, на првиот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански славеа вардарци со резултат 33:26.. Ова ќе биде четврти натпревар за црвено-црните во плеј-оф фазата, додека екипата на Пролет после шест одиграни кола има две победи и четири порази. Вардар не би требало да има проблеми на овој дуел, околу освојување на бодовите, иако силите треба да се чуваат и за завршниот турнир во купот на Македонија, кој стартува од утре во спортската сала во Куманово.

Стрим од мечот, Пролет-Вардар можете да проследите на линкот, ТУКА. 

Настап, пак, во плеј-аутот ќе има екипата на Вардар Јуниор, која од 18:30 часот гостува кај екипата на Радовиш. Без обзир на резултатот, младиот состав кој е предводен од Стојан Петрушевски, веќе обезбеди опстанок во супер лигата за наредната натпреварувачка сезона.

Мечот, Радовиш-Вардар Јуниор, ќе оди на Стрим, на линкот, ТУКА.