Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > БРАВО ЛАВИЦИ! ЖРК ВАРДАР ОБЕЗБЕДИ КУП ФИНАЛЕ, СТРУЖАНКА НАЛЕТА НА ЦРВЕНО-ЦРНИОТ ЦИКЛОН
БРАВО ЛАВИЦИ! ЖРК ВАРДАР ОБЕЗБЕДИ КУП ФИНАЛЕ, СТРУЖАНКА НАЛЕТА НА ЦРВЕНО-ЦРНИОТ ЦИКЛОН

БРАВО ЛАВИЦИ! ЖРК ВАРДАР ОБЕЗБЕДИ КУП ФИНАЛЕ, СТРУЖАНКА НАЛЕТА НА ЦРВЕНО-ЦРНИОТ ЦИКЛОН

Финалеееееее……  младиот тим ЖРК Вардар покажа дека е достоен за црвено-црниот дрес. Во Куп 1/2-финалето во Куманово се сретнавме со Стружанка. Црвено-црните дами покажаа карактер, желба, храброст  и победија. Ривалот немаше што да бара против еден ваков мотивиран тим. Вардарки газеа од минута во минута, по 6-6 во 13.минута се одеше на нашата “воденица“. Имавме добри голмани како Грујовска и Илиќ, одбраната покажа дека е бедем, во нападот разновидност. Голема гордост се овие млади дами, честитки до нив и стручниот штаб за одличниот дуел.

z4-2

Тргнавме со 2-2,  на почетокот за нас погоди два пати Костовиќ Ангела во oвој дел од дуелот.  Потоа дуелот продолжи со постојано израмнување се до 6-6, двете екипи се бореа силно. Заигравме поангажирано во одбраната па успеавме да се одлепиме, Грујовска ја имаше својата третта одбрана, а во напад наградија Костовиќ и Мими Петковска за предност од 8-6.  Вардарки загризаа па на двата гола на ривалот одговорија со двојна мерка што донесе предност 12:8 по што Стружанка побара минута одмор. Ривалот намали на 12-9, потоа се закани   да дојде на минус два, со нога прекрасна интервенција имаше Симона Грујовска. Ја стабилизиравме играта па во финишот влеговме со предност 14-11. Кога имаш убоит напад, фокусиран и добар голман и безкропулозна одбрана успехот е загарантиран.  Костовиќ повторно погоди, Грујовска одбрани, тоа го валоризираше Фани Ѓорѓиевска во 29.минута кога поведовме со пет плус, 16-11. Противникот успеа да намали на 16-12 пред одморот.

z-2

Девојките влегоа со цело срце во вторите 30.минути, бидејќи знаевме дека финалето е блиску, само требаше да се одигра мудро, нешто што нашите девојки го спроведоа на дело. Добро го отворивме вториот дел со два гола на Ивона Трпевска, по 3.минути игра повторно бевме на плус пет поведувајќи со 18-13.  На нашиот гол Илиќ имаше одбрана, тимот во дефанзива беше одличен, централиот дел од одбраната неможеа да ни го минат тоа донесе постојано зголемување на предноста. Од минута во минута ние газевме, погодуваа Костовиќ, Ѓорѓиевска. Вардар газеше, најголемата предност ја имавме во 45.минута кога погоди Милица Николиќ за плус седум 22-15 по што клупата на Стружанка побара минута одмор со цел да спаси нешто во финишот. Вардарки беа гордост да се гледаат денес во Куманово, тие покажаа дека се пред се тим кој функционира како едно. Во последните 10.минути влеговме со високи седум гола предност, тоа беше првпат да бидеме на 7+ по една одбрана на Илиќ погоди за нас денес одличната Ангела Костовиќ.  Победата дојде со високи 9 гола, 27-18  откако двете Ана Марии ( Коларовска и Божиновска) погодија.

z2-2

Најдобра во победата на ЖРК Вардар беше Ангела Костовиќ со осум гола, ја следеше Ѓеоргиевска со пет, а одлични беа и голманките Симона Грујовска и  Андреа Илиќ  со по седум одбрани.