Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Slider > Младиот и борбен Вардар Јуниор со цел „плен“ од гостувањето кај Радовиш
Младиот и борбен Вардар Јуниор со цел „плен“ од гостувањето кај Радовиш

Младиот и борбен Вардар Јуниор со цел „плен“ од гостувањето кај Радовиш

Екипата на Вардар Јуниор успеа да направи подвиг и да слави на гостувањето кај екипата на Радовиш, во рамките на плеј-аутот од супер лигата.

Натпреварот со гол го отвори пикерот Атанасовски, а домаќинот врати во следниот напад со удар од седум метри. Вардар Јуниор последбата предност ја имаше при резултат 1:2, кога погоди Крстевски, додека следниот напад на Радовиш успеа да го скроти Петковски Андреј на голот. Повторно со голот на Крстевски ние израмнуваме на 3:3, но противникот направи серија од 3:1 и поведе со 6:4, од тие моменти па се до крајот на првото полувреме одржуваа предност. Гледавме брза игра од двете страни, екипите беа желни за победа на овој меч од плеј-аутот на Супер лигата. Вардар Јуниор во неколку наврати намалуваше на само еден гол негатива, а имавме можност и за израмнување, прво откако одбрани Петковски, ние во следниот напад не успеваме да реализираме пенал, односно одбрани домашниот голман. Сепак израмнувањето се случи, кога повторно Петковски успеа да одбрани, а Стефан Атанасовски постигнува гол и израмнува на 8:8. Следеше лош период во нашата игра кога дозволивме на Радовиш да направи серија од 3:0 и да зголеми за прв пат на мечот на 11:8. Намаливме за момент на 11:9, но повторно противникот сврза два гола и поведе со 13:9 во 15 минута, што беше знак за тренерот Петрушевски да побара тајмаут. Сепак радовишани стигнаа и до највисоки пет гола разлика ( 15:10, 16:11, 17:12, 18:13 и 19:14), стоеше на семафорот во салата во Радовиш. Ќосевски беше играчот кој намали на 19:15, додека до крајот на првото полувреме, Вардар Јуниор се врати во игра и на полувреме се замина со резултат 22:19.

Не успеавме на стартот на вториот дел да реализираме зицер преку Ќосевски, но затоа ние на голот го имавме Јоаким Анѓеловски, кој за само пет минути имаше исто толку одбрани, од кои во еден наврат и двојна, додека успеа да скроти и три чисти зицери на противникот. Сето тоа беше наградено од неговите соиграчи, кои направија серија од 3:0 и го израмнија резултатот на 22:22, откако два гола постигна Крстевски, додека израмнувачкиот погодок беше дело на Кукуловски. Врати екипата на Радовиш со два гола и поведе со 25:23, но Крстевски со нов гол намали, додека Анѓеловски одбрани седмереци и продолжи со блесокот на нашиот гол. Ние успеваме да направиме серија од 0:3 и со голот на Атанасовски да поведеме со 25:26. Гледавме навистина интересен и динамичен натпревар, на кој нашите млади момчиња покажаа голема борбеност, против поискусниот повозрасен домашен тим. Израмни противникот, додека ние не погодуваме полузицер, но во следниот напад Кукуловски погоди за 26:27. На голот се врати Петковски да брани седмерец, кој Радовиш го промашува па остануваме во позитива од еден погодок. Гледавме интересна завршница, на два пати резултатот го израмнуваше левото крило на Вардар Јуниор, се работи за Чакалиќ Стефан, додека ние успеваме да поведеме и со 29:30, а нова важна одбрана за Анѓеловски. Беше побарана мминута одмор од страна на Петрушевски, ние не успеваме да реализираме напад за плус два гола. Не успева да реализира ниту домаќинот, а црвено-црните не успеваат и втор напад да постигнат гол. Радовиш со удар од седум метри погодува за 30:30. Вардар се одлепи на 30:32, кога најпрво Петковски одбрани седмерец, а ние погодуваме за плус два гола. До крајот се гледавме бркотница на теренот, во која подобро се снајде Вардар Јуниор. Иако Радовиш израмни на 32:32, нашиот состав се одлепи на 32:34, а до крајот видовме по еден гол на двете страни за триумф на Вардар Јуниор од 33:35.

Стефан Крстевски постигна 12 гола, додека Дејан Кукуловски имаше 6 погодоци, а еден помалку Стефан Атанасовски.