Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Вардарци продолжуваат со победи и во Супер лигата, втор пат совладана екипата на Пролет
Вардарци продолжуваат со победи и во Супер лигата, втор пат совладана екипата на Пролет

Вардарци продолжуваат со победи и во Супер лигата, втор пат совладана екипата на Пролет

Вардар иако играше без неколку свои стандардни играчи, сепак успеа да слави на гостувањето кај екипата на Пролет и на тој начин да стигне до четвртиот последователен триумф во домашната лига.

Вардар успеа на стартот и да поведе со 0:2 и тоа со двата гола на Иван Чупиќ, од кои првиот беше од седум метри. Во нападот најчесто погодувавме со головите на Горбок и Кисељев, додека на нашиот гол беше младиот Марко Кизиќ, кој имаше неколку одбрани во првото полувреме. Црвено-црните со голот на Сергеј Горбок поведоа со 7:9, но домашниот тим успеа да го израмни резултатот на 9:9. Екипата на Пролет дури имаше и напад за водство, но одбрани Кизиќ, додека кај Вардар погодува Чупиќ за предност од 9:10. Откако повторно противникот го израмни резултатот на 10:10, избраниците на Црвенковска имаа добар период во играта, во кој успеаа да направат серија од 0:4, со головите на Кисељев, Горбок, Чупиќ и Војводиќ. Имавме можност на полувреме да заминеме со поголемо водство, со оглед дека имавме и најголеми пет гола позитива (12:17), со голот на капитенот Стоилов, но до крајот на првиот дел дозволивме домаќинот на овој дуел да направи серија од 4:1 и на одмор да замине со достижна негатива од 16:18.

Екипата на Пролет го постигна првиот гол во вториот дел за 17:18, но вардарци постигнаа два гола во серија преку Кисељев и Војводиќ, за наша предност од 17:20. Пролет сепак не се предаваше, повторно се доближи го израмни резултатот на 23:23. Имаа домаќините и напад за водство, но Кизиќ одбрани, додека ние успеваме да ја прекинеме лошата серија, откако погоди Мартин Поповски од пенал. Избраниците на Матлиески поведоа и со 25:24, но вардарци ескпресно вратија преку Стоилов и Поповски, за ново водство на Вардар од 25:26. На голот застана Калифа Гедбан, кој успеа да одбрани силен удар на противникот, тоа го наградуваме преку Стоилов кој игра одлично во вториот дел и зголемува на 27:29. Каков само погодок, ново ремек дело на Стоилов, кој со “шрауба“ постигна гол, истиов игрч и во следниот напад беше стрелец за нас, гол со кој се одлепивме на 31:34. Црвено-црните беа блиску до победата, кога одбрани Гедбан најпрво од игра, а потоа и седмерец на противникот, додека Вардар триумфираше со конечни 33:36.

Стоилов беше најефикасен со 8 голови, додека Кисељев постигна 7. Чупиќ, Војводиќ и Горбок имаа по 6 голови. Ова беше четврта победа за Вардар во плејофот од Супер лигата, меч на кој настапивме без Карачиќ, Скубе, Кристопанс, Дибиров и Фереира. Нема одмор за нашиот шампион, со оглед дека утре патува за Куманово, каде во претстојниве два дена ќе се одигра завршницата од купот на Македонија, на кој Вардар го брани трофејот. Противник во полуфиналето ни е екипата на Еурофарм Работник.