Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider > Тимур Дибиров во изборот за најдобар тим во ЛШ, на позицијата лево крило
Тимур Дибиров во изборот за најдобар тим во ЛШ, на позицијата лево крило

Тимур Дибиров во изборот за најдобар тим во ЛШ, на позицијата лево крило

Пред одигрување на завршниот турнир во Келн, од ЕХФ ќе го објават најдобриот тим во Лигата на Шампиони за оваа натпреварувачка сезона.

Еден од номинираните е и Тимур Дибиров, кој ќе се обиде да добие најмногу гласови за најдобар на позицијата лево крило. Негови конкуренти за оваа позиција ќе бидат Уве Генсхајмер ( ПСЖ), Валеро Ривера ( Нант), Мануел Штрлек ( Нант) и Стефан Сигурмансон ( Пик Сегед),

За првпат, гласањето ќе се одвива исклучиво преку новата смартфон апликација VELUX EHF FINAL4. Апликацијата може да се преземе на iOS или Android.

Видеото со номинираните играчи на позицијата лево крило, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.

За Тимур Дибиров, можете да гласате на линкот, ТУКА.