Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Екипата на Шкупи е противник за младинските екипи на ФК Вардар, во рамките на 24.првенствено коло
Екипата на Шкупи е противник за младинските екипи на ФК Вардар, во рамките на 24.првенствено коло

Екипата на Шкупи е противник за младинските екипи на ФК Вардар, во рамките на 24.првенствено коло

Претстојниов викенд 24.коло во првенството ќе го одиграат младинските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаат на Шкупи. Пионерските екипи во недела на теренот на Академијата се домаќини, додека еден ден порано, кадетите и младинците ќе гостуваат на Шкупи. Мечевите се играат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

На четири кола до крајот на сезоната во најдобра ситуација се наоѓаат помладите пионери кои имаат 7 бодови повеќе од екипата на Победа, која се наоѓа на второто место на табелата. Црвено-црните ќе се обидат да се вратат на победите, откако во минатото коло одиграа нерешено во дербито против екипата на Работнички. На Вардар теоретски му се потребни уште две победи, за обезбедување на Шампионската титула. Нашите пом.пионери ги добија претходните два меѓусебни дуели со екипата на Шкупи, се надеваме дека овој дуел ќе биде помирен од оној претходниот кога на истиов терен Вардар во еден тензичен меч во второто полувреме со два гола успеа да ги освои трите бодови на тој дуел.

Пионерите веќе немаат право на грешка, доколку сакаат на крајот од сезоната да ја одбранат титулата. Двата последователни порази ја стави оваа генерација во тешка ситуација, која до крајот ќе трепери за првото место во пионерската-супер лига. Предноста од само еден бод пред А.Пандев и два од Работнички не дава никаква сигурност дека Вардар може до трофејот, а посебно ако не славиме на неделниот дуел против Шкупи. Оваа сезона традицијата е на страна на вардарци, кои имаат две победи од исто толку мечеви со овој противник, ние се надеваме на трет последователен триумф и задржување на лидерското место. Академија Пандев не би требало да има никакви проблеми на домашен терен против последниот тим на Македонија Ѓ.П, додека Работнички го чека „жешко“ гостување кај екипата на Шкендија, која се уште има теоретски шанси за првото место, со оглед дека заостанува само пет бодови.

Кадетите ќе се обидат да крајот на сезоната да го поправат впечатокот и да стигнат до уште некој бод на своето конто. Вардар ги загуби претходните два меча, па ќе се обиде да стигне до првите бодови во дуелите оваа сезона со екипата на Шкупи.

Се поизвесно е дека младинците ќе завршат на второто место на табелата оваа сезона. Предноста од осум бодови на Шкендија, која е создадена од претходните два меѓусебни дуели со Вардар, се покажа како доволна за освојување на трофејот. Со оглед дека на 23 меча имаат исто толку победи, тешко е да се очекува дека во последните четири кола би загубиле три дуели, иако Работнички во ова коло ќе се обиде на домашен терен да им одземе некој бод. Што се однесува до дуелите на Вардар и Шкупи оваа сезона, ние имаме две победи од исто толку дуели, а ќе се обидеме да стигнеме и до третиот триумф против екипата од Чаир.