Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ана Марија Божиновска: Пехарот е нашата цел во Купот
Ана Марија Божиновска: Пехарот е нашата цел во Купот

Ана Марија Божиновска: Пехарот е нашата цел во Купот

Вчера младиот тим ЖРК Вардар покажа дека е достоен за црвено-црниот дрес. Во  салата во Куманово се сретнавме со Стружанка на меч од полуфиналето од Купот. Вардарки газеа од минута во минута, уште на одмор замина со четири плус и најавија дека ќе одат на пласман во финалето. Во вториот дел само ја потврдивме доминацијата и победивме со 27-18. Утре играме во големото финале против домаќинот, ЖКК Куманово.

11

Една од девојките со најдобра игра на оваа средба беше Ана Марија Божиновска. Вардаровиот среден бек, одигра добар дуел стрелаше три пати во ова полуфинале во мрежата на Стружанка. Таа своите задачи ги одработи перфектно. Во продолжение ви го носиме нејзиното видување на овој дуел и очекувањата од финалето со домаќинот ЖРК Куманово:

Мечот со Стружанка го одигравме онака како што се договоривме, секоја од нас ги исполни своите задачи и зацртани цели. Ова е тимска победа, го посакувавме финалето и успеавме да дојдеме до истото. Гордост е да се биде дел од ваков тим кој игра како едно, сите девојки дадоа максимум на теренот, стручниот штаб одлично не водеше од клупата. Во финалето сите карти се отворени, може да ветиме дека ќе дадеме 100% од себе, пехарот е нашата цел. Верувам во триумф бидејќи ние сме Вардар- вели Боживовска