Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Вечерва, РК Вардар ја започнува борбата за освојување на 14. Куп трофеј
Вечерва, РК Вардар ја започнува борбата за освојување на 14. Куп трофеј

Вечерва, РК Вардар ја започнува борбата за освојување на 14. Куп трофеј

Вечерва, вардарци ја започнуваат одбраната на трофејот во Купот на Македонија. На завршниот турнир кој овие два дена ќе се одигра во Куманово, црвено-црните за противник во полуфиналето ја имаат екипата на Еурофарм Работник.

Вардар ќе се обиде да стигне до својот 14-трофеј во куп натпреварувањето, или шестти во серија за црвено-црните, доминација која трае од 2013 година. За противник ја имаме моментално најдобрата втора екипа во Македонија, тоа е Еурофарм Работник кој оваа сезона ќе заврши на вицешампионската позиција, која им гарантира пласман во СЕХА-лигата за следната натпреварувачка сезона. Оваа сезона во двете натпреварувања, екипата од Битола има само еден и единствен пораз и тоа токму од Вардар, од кој загуби во рамките на 2.коло од плеј-офот, кога после голем пресврт во вториот дел, нашиот шампион не дозволи изненадување и славеше со резултат 28:30, иако во еден момент од првото полувреме имавме негатива и од девет голови. Ова само говори дека Еурофарм прераснува во силен конкурент на Вардар во наредните сезони за освојување на трофеиите во домашните натпреварувања.

Единствена предност за битолскиот претставник ќе биде свежината и одмореноста на играчите, што не е случај со вардарци, кои знаеме дека пред себе имаа напорен период, во рамките на Лигата на Шампионите. Двате тешки дуели со Пик Сегед максимално не исцрпија, но сепак најдовме сили да славиме и на вчерашниот дуел против екипата на Пролет, во рамките на плеј-офот од Супер лигата. На овој меч бевме и без тренерот Парондо, како и без искусните Дибиров, Скубе, Карачиќ, Фереира и Кристопанс, кои треба да ги видиме во составот на вечерашниот дуел.

Без разлика на се, Вардар е фаворит за одбрана на трофејот во Купот, а првата пречка е токму екипата на Еурофарм Работник. Дуелот вечерва ќе започне од 20:00 часот, а нема најава за пренос од завршницата на Купот, од ниту од една македонска телевизија. Во првото полуфинале, кое стартува од 17:00 часот, силите ќе ги одмерат екипите на Бутел и Металург. Финалниот дуел на програмата е во сабота од 20:00 часот.