Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Јоаким Анѓеловски: Пресудни за победата беа моите одбрани во вториот дел, но и играта што ја прикажаа моите соиграчи
Јоаким Анѓеловски: Пресудни за победата беа моите одбрани во вториот дел, но и играта што ја прикажаа моите соиграчи

Јоаким Анѓеловски: Пресудни за победата беа моите одбрани во вториот дел, но и играта што ја прикажаа моите соиграчи

Екипата на Вардар Јуниор успеа да направи изненадување и да слави на гостувањето кај екипата на Радовиш (33:35), во рамките на 7.коло од плеј-аутот во Супер-Лигата. Иако домашниот тим во еден момент од првото полувреме имаше и пет голови предност, во вториот дел младите вардарци благодарение на неколку одбранети удари на голманот Анѓеловски, успеаа да се вратат во мечот. Во најголем дел од второто полувреме се играше гол за гол, но црвено-црните направија исчекор кон победата, кога на три минути пред крајот имаа два гола разлика, која ја задржаа и до истекот на 60-те минути.  Токму еден од најзаслужните за триумфот на Вардар Јуниор е голманот Јоаким Анѓеловски, кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од големиот триумф во Радовиш.

-Беше неизвесен натпревар , се играше гол за гол но успеавме да се одлепиме на два разлика пред крајот на мечот. Радовиш беше мотивиран да не победи и да ни се одмазди за високиот пораз кој го доживеа во Скопје, но и ние бевме желни за победа. Секогаш се трудиме и го даваме максимумот на секоја утакмица. Пресудни беа и моите одбрани во вториот дел, но и играта што ја прикажаа моите соиграчи. Успеавме да се вратиме од пет гола негатива и да го свртиме мечот во своја корист. Не беше лесно да се следи брзото темпо на игра, но докажавме дека можеме да се носиме со поискусните екипи. Секако дека сум задоволен од мојот настап, но секогаш може и подобро. 

vardarfans-junior-660x3301-660x330

Ова беше 9.триумф сезонава за Вардар Јуниор кој се зацврсти на 3.позиција во плеј-аутот, пред екипите на Радовиш, Прилеп и ГРК Борец.  Опстанокот беше од претходно обезбеден, а вардарци покажуваат дека можат да додат уште некој бод на своето конто.

-Целта ја постигнавме , опстанавме во суперлигата како најмлада екипа, потребно беше време да се уиграме, сега сме одличен колектив. Има перспектива во овој тим, кој се повеќе напредува и расте, се надевам на уште подобри резултати и следната сезона. 

Звонко Ивановски