Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка >  Јована Петрушевска од ЖКК Вардар повикана за квалификациските дуели со Шведска и Хрватска
 Јована Петрушевска од ЖКК Вардар повикана за квалификациските дуели со Шведска и Хрватска

 Јована Петрушевска од ЖКК Вардар повикана за квалификациските дуели со Шведска и Хрватска

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година.На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе ја нагостиме селекцијата на Шведска додека на 21. ноември ќе го затвориме овој циклус на гости кај хрватската репрезентација. На скратениот список се најде и една девојка од ЖКК Вардар, станува збор за центарот на црвено-црните, Јована Петрушевска.

За првиот собир, закажан за 12. ноември со почеток во 20:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки.

zk

1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска