Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Антонио Мирков: Одиме на победа и на реваншот во Тетово
Антонио Мирков: Одиме на победа и на реваншот во Тетово

Антонио Мирков: Одиме на победа и на реваншот во Тетово

Помладите пионери на ФК Вардар успеаа да слават на првиот 1/4 финален меч од купот на Македонија. Избраниците на Филип Деспотовски на домашен терен ја совладаа екипата на Шкендија (2:1) и на тој начин со позитива од еден гол ќе патуваат на реваншот во Тетово. Вардар треба да жали што триумфот не беше изразен со поголема разлика, со оглед дека имавме уште неколку добри прилики за загрозување на противничкиот гол, а не успеавме да реализираме ниту удар од белата точка. Како помина првиот четвртфинален меч од купот можете да прочитате од изјавата на Антонио Мирков.

-Шкендија е тим кој не треба да се потцени, тие веќе ни се познати противници па и знаевме каков дуел не очекува, натпревар со многу брз ритам и без воздишки. Секој од тимот е 100% посветен на мечот и затоа веќе втор пат оваа сезона сме со позитивен резултат против оваа екипа. За повисок триумф секогаш се може повеќе, но топката не сакаше да влезе во противничката мрежа.  Исто така имавме и нереализиран пенал, како и неколку солидни шанси, но тоа е тоа и одиме на победа во реваншот, иако се игра на гостински терен.

После седум одиграни кола, оваа генерација на Вардар се наоѓа на 4.место на табелата, со само три бода помалку од лидерот. Во следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Њу Старс.

-Веќе сме помлади пионери и играме на ниво на цела Македонија. Нам ни е драго што имаме со кого да се натпреваруваме, па така и кокуренцијата е поголема, има поголема борба за титулата. Се ќе си дојде на свое место, ние сме тим, играме тимски па и победите ќе почнат да се редат, не се откажуваме лесно од титулата има уште многу за играње, па и на натпреварот што следи викендов со Њу Старс, нормално одиме на победа, изјави Мирков за нашиот сајт.

Звонко Ивановски