Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Јуниорите пристигнаа во Романија, каде ќе бидат дел од ЕП Б-дивизија
Јуниорите пристигнаа во Романија, каде ќе бидат дел од ЕП Б-дивизија

Јуниорите пристигнаа во Романија, каде ќе бидат дел од ЕП Б-дивизија

Денеска  нашата јуниорска репрезентација во машка конкуренција пристигна  за Орадеа, Романија каде ќе земе учество на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години.

Пред да започне првенството, јуниорите ќе одиграат пријателски двомеч против организаторот.

Селекторот Тони Симиќ речиси два месеца тренираше со своите избраници, во Скопје и во Маврово, а одигра и неколку пријателски натпревари. Јуниорите запишаа победи против Полска, Црна Гора, Бугарија, Албанија и против Косово.

Ждребот одржан во јануари посака да нашата јуниорска машка репрезентација биде сместена во групата Б заедно со соодветните национални селекции на Ирска, Грузија, Данска, Украина и Словачка.

В петок (26. јули), јуниорите ќе разигруваат против Ирска (19:45), потоа против Украина (15:15), в недела ќе се надигруваме со Грузија (17:30), па по еден ден за одмор ќе се пресметаме со Словачка (13:00). Натпреварите од групната фаза ќе ги завршиме в среда против Данска (19:45).

Распоредот на натпревари, статистика и пренос во живо како и фотографии од натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација можат да се следат на следниот ЛИНК.

Дел од оваа селекција е и вардарецот,Виктор Ташковски.