Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Slider > Писонеро: Се чувствувам добро во Скопје, кога влегов во салата се возбудив
Писонеро: Се чувствувам добро во Скопје, кога влегов во салата се возбудив

Писонеро: Се чувствувам добро во Скопје, кога влегов во салата се возбудив

Во текот на утрешниот ден, ракометниот клуб Вардар кој е актуелен шампион на Европа ќе започне нова ера, и тоа со новиот стручњак кој доаѓа од Шпанија, се работи за Давид Писонеро, кој има само позитивни впечатоци од градот и клубот.

„Се чувствувам многу добро во Скопје. Тоа се моите први импресии од оваа недела колку сум тука. Веќе го запознавам и градот, и добив многу добра препорака од моите пријатели како добро место за работа и живеење.

Писонеро со нетрпение го очекува првиот тренинг со тимот, но и првите натпревари во Јане Сандански, како што вели ова е култно место кое треба да се почувствува.

Ова што тука го има Вардар е навистина извонредно. Кога влегов во салата се возбудив. Го гледаш ова култно место. Се изгледа поинаку кога си тука, на терен, на клупата и горе го гледаш семафорот, објаснува Писонеро. „Ракометот тука поинаку се доживува, се е посветено на овој спорт. Тоа е разликата со Шпанија.

Од екипата заминаа неколку играчи, но пристигнаа и нови, кои треба да му дадат посебен квалитет на Вардар, а новиот стратег вели дека првобитна цел е да го вклопи составот.

Клубот направи добра работа што го задржи костурот и тимот на е исто ниво како и досега. Милам дека треба мали промени да се направат, и да се продолжи во истата насока. Засега тимот е тој што го имаме. Имам други работи да направам ,да ја склопам сложувалката., вели Писонеро.

Целта на Вардар е одбрана на трофеиите во СЕХА и Лигата на Шампионите, а Писонеро очекува неизвесна сезона.

СЕХА лигата секоја година се подобрува и станува многу силна. Тоа е добра основа за подготовка за ЛШ. Сега имаме и нови тимови како Веспрем, Мотор и Татабања и тие се добри. Има 8 екипи што секогаш можат да бидат во самиот врв. Затоа секој натпревар ќе биде интересен и неизвесен. Во ЛШ ќе биде исто така неизвесно, можеби нема многу звучни имиња, но сите се подеднаков добри, доаѓа Кјелце, Веспрем, а тие играа на Ф4 турнирот. И Кил е голем клуб. Сите натпревари ќе бидат неизвесни и интересни, изјави Писонеро за официјалниот сајт на клубот.