Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките ќе тестираат со Бугарија овој викенд
Кадетките ќе тестираат со Бугарија овој викенд

Кадетките ќе тестираат со Бугарија овој викенд

Кадетската селекција на Македонија во женска конкуренција ја привршува првата фаза од подготовките. Тие оваа „базична фаза“ ја имаат во Маврово каде се до четврток. Потоа по краток одмор ќе одиграат два тест дуела, со цел подобра подготовка за мечевите на ЕХФ Шампионатот М17, кој ќе се игра во Италија, на почетокот на идниот месец.

Во Скопје ќе ја пречекаме селекцијата на нашиот источен сосед, Бугарија. Со кадетките од соседството ќе одиграме два тест-меча на 27ми и 28 јули (сабота и недела) во Автокоманда. На прелиминарниот список на кадетскиот состав се: Џатевска и Седлоска ( кои не беа во Mаврово поради ангажираност со младинската селекција во Литванија). Во Маврово подготовките ги одработуваа: Грујовска, Трајкоска, Коларовска, Миновска, Ѓорѓиевска,  Костовиќ, Гроздановска, Стаменова, Петковска, Дамјановска.