Денес се навршуваат четири години од првата објава и стартот со работа на нашата црвено – црна страница . Почетокот беше на денешен ден 19 Август 2011 година. Се почна случајно со обичен обид за фан страница на тогашниот фудбалер на ФК Вардар, бразилскиот интернационалец Пауло Кандидио познат како Лико.
Но , за кратко се покажа дека црвено – црната јавност е “гладна“ за информации за Вардар кој тогаш по превземањето под капата на Град Скопје повторно јуришаше по долги години кон шампионскиот примат во домашната лига . Брзо Вардар фанс стана катче за дружба , информирање , поддржување на нашиот најголем бренд кој во тоа време за жал немаше свој веб портал, немаше ажурирана фб-страница за информирање на својата публика. Минуваа години опсегот на вестите се зголеми дојде на сцена и ракометот и понатака нашата дружба си траеше, а од пред половина година може да не следите и на vardarfans.mk место каде освен фудбалските и ракометните вести има место и за куглање, борење, кошарка , атлетика , Комити , млади категории и т.н
Ви благодариме на довербата во овие цели четири години , на вашото следење , коментари , критики . Остануваме заедно и понатаму .
Со почит вашиот Вардар Фанс