Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Горан Симиќ за Вардарфанс: Оваа сезона одиме чекор понапред, во однос на минатата
Горан Симиќ за Вардарфанс: Оваа сезона одиме чекор понапред, во однос на минатата

Горан Симиќ за Вардарфанс: Оваа сезона одиме чекор понапред, во однос на минатата

Екипата на Рк Вардар ги заврши подготовките во Крањска Гора и го одигра турнирот во Кањижа, каде го освои првото место. За целите припреми во Словенија и одиграните натпревари на “Кањижа куп“ имавме можност да разговараме со тренерот на голманите во Вардар, Горан Симиќ кој е задоволен од сработеното во изминатиов период.

Крањска Гора беше фантастична, нуди добри услови за подготовки. Тука се хотели, сали и терени за трчање. Максимално добро се работеше и сум целосно задоволен од работата на играчите и нивниот однос кон тренинзите. Повеќе беа два тренинга дневно, работевме како на физичка така и на тактичка подготовка. Малку повеќе внимание посветивме на тренинзите за превентива од повреди на колено, скочен зглоб и рамо.

На турнирот во Кањижа, црвено-црните забележаа четири победи и сосема заслужено го освоија овој турнир, што беше и прв трофеј во новата сезона.

Во Кањижа беше многу топло, како надвор така и во салата, но сепак дојде до израз квалитетната работа во Словенија. Бевме први со најдобар играч и најдобар голман, што ме прави посебно среќен и задоволен. Тоа ни дава поттик за уште подобра работа во преостанатиот дел од припремите.

Вардар изгледа многу посилен со новите играчи, амбициите сега се многу поголеми.

Мислам дека новите засилувања се адекватни, што се покажа и на турнирот во Кањижа. Ова сезона одиме чекор понапред, во однос на минатата. За голманите најважно е да се избегнат повреди и да се среди ситуацијата со Милиќ околу неговата килажа, изјави Горан Симиќ за Вардарфанс.

Звонко Ивановски