Младинските категории на Жрк Вардар се наоѓаат на десет дневни подготовки во Копаоник. Екипата физички се подготвува за новата сезона, ова место нуди одлични услови за работа. Кадетките минатата сезона го освоија вицешампионското место во својата категорија, младинките беа први во својата конкуренција.
Припремите уште од самиот почеток течат во најдобар ред, како што ги има испланирано нашиот тренер Билјана Пецевска. Секој ден имаме по два тренинга. Повеќе работиме на физичката издржливост, каде што го даваме својот максиум. Приликите за работа се одлични, исто како и временските услови. Се очекува до крајот, да одиграме некој пријателски натпревар, изјави Маја Китановска за нашиот сајт.
Сите младински категории на Жрк и Рк Вардар се наоѓаат на подоготовки во Копаоник. Од вчера им се приклучи и вториот тим на Жрк Вардар.
Звонко Ивановски