Конечно победа за Жрк Вардар во третиот контролен натпревар, против шампионот на Франција, екипата на Флери. Претходно противникот не победи два пати. Овој пат црвено-црните беа сигурни и забележаа триумф изразен со два гола разлика 27:25. Ова беше најубедливата игра до сега за избраничките на Индира и Питлик. На полувреме сме имале позитива од четири гола 15:11. Во натпревар со многу погодоци, нашите девојки биле поквалитетни и забележале триумф.
Андреа Пенезиќ повторно најефикасна во нашиот состав со 8 постигнати голови. Черноиваненко и Лекиќ по 4 и новото засилување Човиќ со 3 голови, придонесоа во конечната победа.
Со овој дуел ја завршиме мини турнејата во Франција, забележувајќи две победи и два порази. Екипата директно се упатува за Романија, каде од утре ќе учествува на силен меѓународен турнир “Букурешт трофеј“., во конкуренција на силни и квалитетни противници.