Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски, за дресот на Вардар гине до последен атом
Завировски, за дресот на Вардар  гине до последен атом

Завировски, за дресот на Вардар гине до последен атом

 Викендов одново атлетски спектакл, се одржа „Скопје Трча 10км“ и одново нашиот Петре Завировски на стартната линија. Очигледно вардарецот покажува изразито силна желба за успех.

Па така атлетичарот на АК Вардар, сезонава се појави на сите атлетски натпревари на долги патеки. Тој не се штеди себеси иако е многу тешко секој викенд да се трча трка на долги патеки. Буквално го потроши последниот атом сила за да финишира. И одново го држи своето ниво оваа сезона. Не „киксна“ на ниту една од претходните трки, во рамките на своите можности во овој период од кариерата ги истрча сите. Па така 10 километарската патека на Илинденска и Партизнаска ги мина за 37 минути и 12 секунди. Што представува сосема добар резултат. Истото ниво го држеше и на 10.000 метри на атлетска патека на двете трки кои ги имаше таму на оваа дистанца.