Вчера се одигра заостанат натпревар од 12.коло во Македонската кугларска лига. Во истиот по цели 20.години тимот на Макпетрол влезе без епитет актуелен шампион. Пумпашите прв пат по две децении не се најдобри, како што е веќе познато Вардар е првак на Македонија, поточно првиот тим на црвено-црните “Вардар-А“.
Вчера, жолто-сините гостуваа кај втората екипа на Вардар-Б и дојдоа до „пирова победа“ на дуел без резултатско значење за двата тима. Победата на натпреварот во Мусандра беше обезбедена со резултат 2-6. Нашиот тим имаше 9.сета, ривалот 15. Кај вардарци поентираа капитенот Влатко Стојановски (501) и Тодоровски (495). Со оваа средба се „спушта“ завесата во Македонската кугларска лига во која конечно дојде до промена и нов шампион, нашиот црвено-црн тим.
Следен предизвик за сите екипи е настапот во Купот на Република Македонија кој ќе се игра во кугларницата во Битола.