Секоја серија има почеток и крај, па така и таа на кадетскиот состав на ЖРК Вардар. Девојките на Платон и Папуџиева пред 1002 (со зборови: илјада и два) дена го имаа последниот пораз, од тогаш до денес никој не ги совлада на домашен терен во било каков дуел. Денес во полуфиналето од кадетскот ф-4 бевме минимално поразени од Стружанка со 14:15. Паузата од 18.месеци без лигашки дуели го зема данокот, замор, игравме без три важни играчи кои за жал се повредија: Сара Стефаноска, Сара Стојаноска и голманот Христоска Леа.
Дуелот започна со негатива од 6-4, по што Платон побара минута одмор. Се решивме да играме со одбрана 3-2-1 која донесе плод. Вероника Ѓорѓиевска на голот даваше имплус, во нападот и одбраната одлични како и секогаш Коцева Бојана, Зорица Андовска, Алекс Коловска и останатите. На одмор заминавме со минимална негатива од еден гол, на семафорот во салата „Р.Р-Ричко“ во Прилеп стоеше 7-8 за стружанки.
Во вториот дел противникот се одлепи, ние се обидувавме да се вратиме резултатски. На 4.минути до крајот бевме на работ од безбата, ривалот водеше со 10-14. Повторно овие храбри девојки не се предадоа и влегова во костец, направија серија 4-1 по која бевме за жал поразени само со еден гол, 14-15. Овој натпревар имаше епитет “финале пред финалето“ бидејќи во него се сретнаа најдобрите два тима на овој Ф-4.
Пред нас е дуелот за бронза попладнево, девојките се надеваме ќе изнајдат психичка сила и ќе се вратат ментално по овој пораз па ќе одиграат одличен дуеч.
Видео од напреварот-ТУКА