Момците на Зоран Петковски-Зенга, кадетите на РК Вардар ќе играат за „бронза“ на завршниот Ф-4 турнир кој се игра во салата “МЛАЗ„ во Богданци. Денес го имаа полуфиналето во “рака“ водеа на полувреме со РК Младост 1977, буквално на четири ипол минути до крајот на 2.дел беа во водство, но лошиот финиш донесе пораз со 13-15 (8-6).
Младост поведе на почетокот со 0-1 па со резултат 1-2, ние заигравме поагажирано потоа. Стојменов Александар кој игра одлично ова лето погоди од пикер за реми, на нашиот гол одбрани Никола Спасовски па поведовме со 3-2 во 9.минута. Успеавме да го исконтролираме првиот период од 20.минути колку што се игра на кадетски мечеви во овој убрзан ритам на натпревари. На одмор заминавме со преднос од два гола 8-6, бевме добри во одбраната, Спасовски врза неколку одбрани, тоа беше наградено во напад.
Вториот дел започна доста неефикасно, двата тима постигнаа по два гола во противничките мрежи по 8-9.минути ракомет. Сепак ова ни одговараше па и понатака имавме позитива овој пат од 10-8. Кобно за нас беше тоа што од 13.минута кога Андреј Петрушевски погоди со вистинска “бомба“ од 10.метри за 11-13, се до крајот шест-седум минути не дадовме погодок. Противникот кој е домаќин на овој собир успеа да наметне побрз ритам и да изедначи во 16.минута од вториот дел на 13-13. За жал во последните 4.минути и 20-сетина секунди, кога се одличуваше с`е, не погодивме ниту еднаш, ривалот стрелаше 2.пати и со резултат 13-15 си закажа финале.
Попладнево ќе играме во натпреварот за “бронза“ на овој завршен кадетски турнир во градот Богданци.
Видео од полуфиналниот дуел може да погледнете- тука