Утрово, на двата кадетски Ф-4 завршни турнири во полуфиналињата на машката и женската кадетска екипа „Вардар“ за жал забележа пораз па ќе играме за “бронза“. Девојките беа поразени прв пат по 1002.дена од Стружанка со минимални 14:15, момците изгубија со пресврт од Младост 1977 со резултат 13:15.
Наша мала предност е што игравме во првите дуели, противниците играа во терминот по нас па ќе имаат пократок одмор. Се одиграа и двете полуфиналиња па се познати ривалите за црвено-црните екипи. Ова се паровите за дуелите кои ќе се играат со почеток во 17-30 часот.
-ЖРК ВАРДАР- ЖРК Металург
-РК Струга- РК ВАРДАР 1961
Од двата дуели за „бронза“ се очекува да има видео стримови истите ќе ги поставиме дополнително на нашиот веб-сајт. . Девојките играат во салата „Р.Р-Ричко“ во Прилеп, кадетите играат во салата „МЛАЗ“ во Боганци.