Напаѓачот Филип Петковски и играчот од одбраната Виктор Велкоски, во новата сезона нема да бидат дел од ФК Вардар. Искусниот Петковски заминува во Индонезија, а Виктор Велкоски сеуште разгледува понуди.
И двајцата имаа значителна улога во тимот изминатава сезона. Петковски одигра 32 натпревари и постигна пет погодоци, додека пак Велкоски одигра 33 натпревари без постигнат погодок. Од Вардар како што најавивме пред некој ден, заминува и младиот играч од одбраната, Александар Ѓурковски.
Им посакуваме успех во новите средини на Петковски, Велкоски и Ѓурковски.