Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар ја “преслуша“ битолска КК Хераклеа, Донковски и Димитровски лидери во победата
Куглање! Вардар  ја “преслуша“ битолска КК Хераклеа, Донковски и Димитровски лидери во победата

Куглање! Вардар ја “преслуша“ битолска КК Хераклеа, Донковски и Димитровски лидери во победата

Вчера црвено-црниот кугларски колектив  одигра еден заостанат меч од вториот круг во Македонската кугларска лига-МКЛ. Избраниците на Драги Димитровски беа  домаќини на меч од 8.коло, тие  во овој дуел ја нагостија на екипата која доаѓа од Битола тимот на КК Хераклеа.

Мечот беше навистина тежок, гостите почнаа амбициозно на почетокот и се обидоа да направат изненадување на овој дуел. Сепак нашите момци беа решителни и не го дозволија тоа. Најдобри поедници беа Младен Донковски и Димитар Димитровски. Ние триумфиравме со 6-2 во поени, односно во сетови 15 : 9. Вардарци соборија  3265 “дрва“ , а гостите од Битола 3167. Како течеше мечот и скорот на сите наши момци може да го погледнете во продолжение.

done

По оваа победа избивме на втората позиција зад шампионот КК Макпетрол, а пред екипата на КК ГТЦ Мусндра. Третиот и последне круг почнува утре, а нашиот тим дури во четврток ќе го игра 11.коло во Македонската кугларска лига. Ние ќе бидеме домаќини на екипата на КК 18 Август. Табелата по комплетните 10.кола на која сме втори изгледа вака.

done4