Младиот атлетичар на Атлетскиот клуб Вардар и повремен македонски репрезентативец, Петре Завировски повторно на патеката. Тој овој викенд, поточно во сабота на 6-ти април со почеток во 08:30 часот ќе настапи на полумаратонската трка “Трчаме кон целта”.
Црвено-црниот атлтичар ќе настапи на штафетниот полумаратон 3х 7км. Во неговиот тим ќе настапат уште двајца момци, станува збор за Момчило Ристовски и Јованче Цаневски. Стартот на трката ќе биде на кејот на реката Вардар под мостот Близнак во Ново Лисиче.
Маратонецот беше надвор од патеката од мај месец, минатата година кога настапуваше на Скопскиот маратон. На истиот заработи тешка повреда, а потоа имаше компликации во процесот на рехабилитација. Завировски пред настапот во сабота кратко ни изјави- “Во поразот не смее да се изгуби срцето”.