Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски го напаѓа врвот на “Gazi Baba XC Challenge `17“
Атлетика! Завировски го напаѓа врвот на “Gazi Baba XC Challenge `17“

Атлетика! Завировски го напаѓа врвот на “Gazi Baba XC Challenge `17“

Викендов поточно во недела, на датум 5-ти март со почеток во 11:00 часот ќе се одржи VII традиционална атлетска крос кантри трка ‘Gazi Baba XC Challenge `17’. Таа ќе се има почеток во 11:00 часот и ќе се трча низ  Парк-шума Гази Баба

Оваа манифестација е во организација на Endurance.mk – Скопје (АК Индјуренс) . Според планот за тркава должина на патеките се следниве:  5.000м. – женска конкуренција и 8.000м. – машка конкуренција. На истата свое учество ќе има  нашиот вардарец Завировски Петар кој ќе настапи на оваа 8 километарска делница.  Тој ќе учествува трети пат по ред, лани  тој постави свој личен рекорд и го освои 4. место  трката. Изминатата трка Петре истрча одлични 26:18 со што беше побрз за 2  и пол минути од поланското време кога истрча 28:47. Нормално имаше подобар пласман од полани, црвено-црниот атлетичар освои двојно подобро место, лани  беше 4-то пласиран за разлика од полани кога  мина 8-ми низ финиш-линијата.

Овој викенд кој е зад нас Завировски трчаше повторно на трките од  оваа сезона од т.н. Најк лигата во трчање. Повторно и овој викенд тој беше првопласиран, во меѓувреме тој истрча неколку “контролки“ на тартан патеката на “Телеком арената“.