Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младите вардарки одиграа тест дуел со селекцијата на “Обединетите Арапски Емирати”
Младите вардарки одиграа тест дуел со селекцијата на “Обединетите Арапски Емирати”

Младите вардарки одиграа тест дуел со селекцијата на “Обединетите Арапски Емирати”

Женската ракометна репрезентација на Обединетите Арапски Емирати, престојува на  подготовки во Македонија. Женскиот ракомет во ОЕА е во зачеток и за нив престојот во земјата во која ракометот е спорт кој е на високи гранки преставува можност за напредок и учење.

Девојките од  Обединетите Арапски Емирати вчера имаа заеднички тренинг и контролни мечеви со младите вардарки. Тие учеа од нашите девојки многу важни за нив работи за ракометната игра во женска конкуренција. Во нашиот дом спортскиот центар “Јане Сандански“ Скопје вчера  одиграа две полувремиња по 15 минути  во првото играа против нашите девојки родени 1998 година и беа победени со 8-4. Во вториот период од 15 минути настапивме со девојки родени 1996 година и бевме подобри со 14-4. Девојките од истокот се подготвуваат за  Азиските игри. Тие се благодарни и ги повикале црвено-црните на турнир во август.