Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Австриска судиска двојка ќе ја дели правдата на мечот Мец – Вардар
Австриска судиска двојка ќе ја дели правдата на мечот Мец – Вардар

Австриска судиска двојка ќе ја дели правдата на мечот Мец – Вардар

В недела ЖРК Вардар гостува во Франција кај тимот на Мец. Ова е дуел во рамките на деветтото коло од групата еден во која се наоѓа и нашиот шампион. Вардарки иако загубија на минатиот натпревар, сепак останаа лидери на табелата и доколку ги добијат останатите два меча до крајот на оваа групна фаза, ќе завршат како првопласирана екипа.

За овој важен натпревар ЕХФ одреди судиска двојка од Австрија. Станува збор за Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ. Натпреварот в недела започнува во 15 часот.