Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар го пречекува АВ Охрид
КК Вардар го пречекува АВ Охрид

КК Вардар го пречекува АВ Охрид

Кошаркарите на Вардар овој викенд ќе се обидат да стигнат до првата победа оваа сезона. Викендов во малата сала во СЦ. “Кале” ќе гостува екипата на АВ Охрид. Ова ќе биде натпревар во рамките на 14 коло во првата кошаркарска лига.

КК Вардар сеуште го очекува првиот успех оваа сезона, додека пак противникот на вардарци, тимот на Охрид во моментов има биланс од 3 победи и 10 порази. Овие два тима оваа сезона ги одмерија силите во Охрид, на тој натпревар домаќинот победи со резултат 73:64.

Се надеваме на подобра игра и конечно победа на нашите млади кошаркари. Натпреварот ќе биде одигран во сабота со почеток во 18 часот.