БОБАН БАБУНСКИ – Прославениот македонски фудбалер и тренер Бобан Бабунски е роден на 5 мај 1968 година во Скопје. За првиот тим на Вардар, дебитира во сезоната 1985/1986 со седум одиграни првенствени средби. Една година подоцна Бабунски на 19 натпревари во првата југословенска лига, учествува во трасирањето на патот кон освојувањето на првата шампионска титула во историјата на клубот.
Поранешниот македонски репрезентативец, исто така беше дел од тимот на Вардар кој во сезоната 1992/1993 ја освои двојната круна, во премиерните изданија на фудбалското првенство и националниот куп на независна Република Македоија. Во дресот со „црвено-црните“ бои, Бабунски има одиграно вкупно 141 натпревар и постигнато 14 погодоци во противничките мрежи.