Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски има добра подлога во пресрет на новата сезона
Атлетика! Завировски има добра подлога во пресрет на новата сезона

Атлетика! Завировски има добра подлога во пресрет на новата сезона

Во овој период од годината на релативно тешки временски услови изложен на атмосферски влијаниа на екстремно ниски температури Вардарецот, Петре Завировски ги одработува своите подготовки за новата сезона. Но сето тоа како да е дополнителен мотив за Завировски.

petre4

Во ниту еден момент не е доведена во прашање мотивацијата кај младиот Вардарец. Ако на неговата одлична психичка подготовка се додадат и другите услови со кои располага во пресред на новата сезона. Ова би требало да биде тоа што Вардарецот го бараше долго време. Со корекции во тренажниот процес со кои се надеваме ке дојде резултатот. На сето тоа доага добра финансиска подлога за одработување на квалитетни подготовки и набавка на дополнителна опрема и реквизити за тренинг. Базата за тренинг останува непроменета. Во дел од општината Илинден на 20тина километри од градскиот смог на релативно помала загаденост на воздухот во споредба со централното градско подрачје Завировски продолжува да ја гради својата класа. Физичките услови за тренинг тука се добри. Долги рамни патеки идеални за трчање и преку 30 километри на земја и асфалт. Со патека за тренинг за брзина и брзинска издржливост идеална за атлетичар на долги патеки. И ридска патека во непосредна близина неопходна за тренинг во овој период од базичните подготвки. Вардарецот располага со повеке од доволно време за одработување на тренинзите надвор од работните обврски.

petre petre3

Во меѓу време конкуренцијата се заострува. Неможе да се занемари фактот дека покрај досега докажаните имиња следната сезона на голема врата доаѓаат полни со високи амбиции атлетичари кои условно кажано во минатата сезона не можеа да го држат чекорот на најдобрите. Но сето тоа воопшто не влијае на Завировски. Неговиот ментален склоп е таков што мирно, смирено и трпеливо се подготвува без некое значајно психичко оптеретување со конкурентите. Тој вели дека сеуште е рано да се прогнозира било каков атак на резултат за новата сезона. Но дека се чувствува добро на тренинзите. Брзо се регенерира од брзинските тренинзи и должините. Вардарецот се надева дека ке го одбегнат повредите и доволно подготвен ке влезе во новата сезона во која очекува добри резултати и настапи за репрезентацијата на Македонија.