Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Сара Ристовска е најдобар стрелец во есенскиот дел на женската лига, во ТОП-10 место има уште за три ракометарки на Вардар
Сара Ристовска е најдобар стрелец во есенскиот дел на женската лига, во ТОП-10 место има уште за три ракометарки на Вардар

Сара Ристовска е најдобар стрелец во есенскиот дел на женската лига, во ТОП-10 место има уште за три ракометарки на Вардар

Пред нас е есенскиот дел од сезоната во женската ракометна лига, во која првото место е убедливо за екипата на Вардар. Избраничките на Ирина Дибирова на 14 одиграни натпревари очекувано имаат исто толку победи со што освоија 42 бодови, додека помладиот состав на клубот, Вардар Јуниор се наоѓа на петтото место со 23 освоени бодови, или избраничките на Симовски во овој дел од сезоната забележаа седум победи, два нерешени резултати и пет порази.

Што се однесува до листата на најдобри стрелци, според статистиката која ја води ракометниот портал “24 ракомет“, најефикасна ракометарка во оваа полусезона е десноото крило на Вардар, Сара Ристовска која има посигнато 147 голови, или во просек по 10 погодоци на натпревар. Во ТОП-10 листа на најефикасни играчи во женската лига се наоѓаат уште три ракометарки на Вардар. Седмото место е за левото крило на Вардар, Јована Саздовска која има запишано 86 голови, додека нејзината соиграчка, Теодора Керамичиева е едно место подоле со 81 постигнат гол. ТОП-10 листата на најдобри стрелци ја затвара ракометарката на Вардар Јуниор, младинската и сениорска репрезентативка, Леонида Гичевска која има 77 голови.