Денес својот 27-ми роденден го прославува Вардаровиот голман, Страхиња Милиќ. Ова е веќе шестта сезона за популарниот “Џамбо“ во црвено-црниот дрес, откако во сезоната 2012/13 дојде од екипата на Белградски Партизан. Со вардаровиот тим тој се искачи на европските височини лани кога стана шампион на Европа, има неколку СЕХА титули и домашни пехари.
Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СТРАХИЊА.